Кинематика и динамика

image_pdfimage_print

1. Присуството на наставата (предавања и вежби) е статутарна обврска на секој студент која директно не се оценува.

2. Во текот на семестарот се спроведуваат 2 колоквиуми кои содржат задачи (ознака КЗ) и/или теорија (ознака КТ). Студентот може да избере дали сака да полага само задачи или и задачи и теорија. Секој дел од колоквиумот се оценува со поени од 0-10 и учествува со по 40% во формирањето на завршната оценка по предметот. Колоквиумите се сметаат за положени доколку се освоени минимум 50% од максималните можни поени.

3. Во текот на семестарот, како интегрален дел од колоквиумите, се спроведуваат прашања за потпис (ознака ПП). На овој дел од колоквиумот се одговара на едноставни и кратки прашања, формули и скици. Прашањата за потпис се оценуваат со поени од 0 до 10 и учествуваат со 20% во формирањето на завршната оценка по предметот.

4. Услов за добивање потпис по предметот е да се соберат најмалку 20% од прашањата за потпис и колоквиумите со задачи (КЗ+ПП20%).

5. Доколку студентот ги положил колоквиумите задачи (КЗ 20%)и КЗ+ПП35%, тогаш на завршен испит се полага само теорија која учествува со 40% во завршната оценка по предметот.

6. Доколку студентот ги положил колоквиумите задачи и КЗ+ПП35%,а истовремено ги положил и колоквиумите теорија (КТ 20%), тогаш студентот целосно ги завршил обврските кон предметот и не оди на завршен испит.

7. Доколку студентот се стекнал со право на потпис, а не ги положил ниту колоквиумите задачи ниту колоквиумите теорија, тогаш на завршен испит полага и задачи и теорија кои учествуваат со по 40% во завршната оценка по предметот, а од семестарот му се пренесуваат само поените кои ги освоил за потпис т.е 20%.

 

КРИТЕРИУМ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЗАВРШНАТА ОЦЕНКА:

вкупно поени

55-64

64-73

73-82

82-91

91-100

оценка

6

7

8

9

10

Нема да постои можност за дополнително извршување на неизвршените обврски (нереализирана работа на час или непојавување на колоквиум).

Сите потребни информации, како и целиот потребен материјал (предавања, решени задачии сл.) во врска со предметот Кинематика и Динамика студентите можат да го превземат од WEB страната  http://ktmjm.gf.ukim.edu.mk и piazza.

Со желба за плодна соработка ви посакуваме успех во совладувањето на материјата од предметот!

Преземања

# File File size Downloads
1 pdf Кинематика на точка-скратена верзија 1 MB 130
2 pdf Кинематика на круто тело - скратена верзија 875 KB 37
3 pdf КиД_завршен испит 2010 171 KB 68
4 pdf КиД_завршен испит 2010 171 KB 34
5 pdf Динамика на точка - скратена верзија 716 KB 92
6 pdf Динамика на материјални системи - скратена верзија 479 KB 29
7 pdf Динамика на круто тело - скратена верзија 416 KB 30
8 pdf 05-11 Динамика, предавања 783 KB 29
9 pdf 04 кинематика на механизми, предавања 213 KB 29
10 pdf 03 Кинематика на круто тело, предавања 526 KB 29
11 pdf 02 Кинематика на точка, предавања 312 KB 31
12 pdf 01 Векторска анализа, предавања 70 KB 30
13 pdf 10_принципи во динамика на материјални системи_2 (scan) 5 MB 29
14 pdf 10_принципи во динамика на материјални системи 702 KB 32
15 pdf 09_динамика на круто тело_решени задачи 78 KB 30
16 pdf 05-07_динамика на точка_решени задачи 248 KB 31
17 pdf 05-07_динамика на точка_решени задачи 221 KB 32
18 pdf 04_кинематика на механизми_решени задачи 221 KB 33
19 pdf 03 Кинематика на комплано движење - решени задачи 87 KB 28
20 pdf 01 Кинематика на точка - решени задачи 338 KB 29
21 pdf 01 Кинематика на точка - кружно движење (дополнување) 27 KB 33