За катедрата

Предавањата по предметите од областа на бетонските и дрвените конструкции започнале веднаш по формирањето на Факултетот за технички науки во далечната 1949год. Прв професор и основач на тогашната катедра за дрвени, масивни и челични конструкции и мостови е Лазар Симов, назначен во звањето „доцент“ со решението за формирање на факултетот.

Поранешни членови на катедрата:

  • Проф. Лазар Симов;
  • Проф. Драги Миладинов;
  • Проф. м-р Петар Бабамов;
  • Проф. м-р Драган Иванов;
  • Проф. д-р Андреј Спасов;
  • Асист. м-р Снежана Минова.

Во еден кус период членови на катедрата биле и:

  • д-р Тодор Барутчиски;
  • Проф. Крум Хололчев.

Активни членови на катедрата:

  • Проф. д-р Санде Атанасовски;
  • Проф. д-р Зоран Десовски;
  • Проф. д-р Кирил Граматиков;
  • Вонр. проф. д-р Горан Марковски;
  • Доц. д-р Тони Аранѓеловски;
  • Асист. м-р Оливер Колевски;
  • Асист. м-р Дарко Наков.

Во образовниот процес кој се одвива на Градежниот факултет, катедрата покрива широка лепеза на предмети на сите студиски програми од првиот и вториот циклус на студии. На студиската програма по градежништво застапени се предметите:

  • Градежни конструкции;
  • Технологија на бетон;
  • Армиран бетон;
  • Бетонски конструкции;
  • Основи на дрвени конструкции;
  • Конструкции од лепено ламелирано дрво;
  • Претходно напрегнат бетон;
  • Армиранобетонски конструкции;
  • Армиранобетонски мостови;
  • Бетонски мостови;
  • Одбрани поглавија од бетонските конструкции;
  • Современи дрвени конструкции;

На студиската програма по геотехника застапен е предметот:

  • Армиран бетон и конструкции.

Во одредени периоди катедрата држела предавања по одделни предмети и на други факултети и институции како:

  • Бетон и железобетон на Архитектонскиот факултет;
  • Дрвени конструкции на Архитектонскиот факултет;
  • Армиран бетон на Државниот универзитет во Тетово;
  • Мостови на Воената академија во Скопје;
  • Анализа на конструкции и димензионирање – интегрирани студии по инженерство на животна средина и ресурси во рамките на ТЕМПУС проектот.

Веднаш по формирањето на катедрата покрената е иницијатива за отворање на лабараторија за технологија на бетон и за испитување на армиранобетонски елементи и конструкции. Со тек на време се врши постепено опремување на лабараториите, така што во овој момент се располага со минимум опрема за нивно нормално функционирање. Во нив се реализирани експерименталните истражувања при изработка на поголем број на докторски дисертации на членовите на катедрата, како и истражувања извршени при изработка на научните тези, односно при разрешување на многу проблеми од градежното стопанство.

Покрај учеството во наставниот процес, членовите на катедрата активно учествуваат во научно-истражувачката дејност, која се состои пред сè во изработка на голем број научни тези, финансирани од државата и меѓународни институции. Долг е списокот на објавените стручни и научни соопштенија на семинари, симпозиуми и конгреси, кои се одржале во нашата земја и во странство. Членовите на катедрата се вклучени како членови или раководители во сите стручни здруженија во земјата, како и во Комората на овластени архитекти и инженери на Р. Македонија.

Паралелно со наставната и научно-истражувачката дејност, членовите на катедрата активно се вклучени и во апликативната дејност. Соработката со стопанството е секојдневна во подолг временски период и се одвива на обострано задоволство и заеднички интерес. Со задоволство може да се констатира дека не постои ниту еден позначаен проект од областа од армиран или претходно напрегнат бетон во кој членовите на катедрата не биле вклучени во својство на проектанти, ревиденти, консултанти и сл.

Наставниот кадар и помладите соработници, лабараториската опрема и најсовремениот софтвер со кој се располага се гаранција за понатамошен брз развој на катедрата, како основен предуслов за успешна едукација на студентите.